На парламентарните избори на 15 јули право на глас ќе можат да го искористат вкупно 1.814.263 гласачи, соопшти денеска Државната изборна комисија. Од нив, во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Лица кои се иселиле од Македонија или работат во странство во посебните избирачки списоци се запишани 83.054 гласачи.

Во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.

-Во Избирачкиот список се содржани и лицата кои до денот на изборите ќе наполнат 18 години, како и сите наши државјани кои доколку допатуваат во земјата на денот на гласање ќе можат да гласаат, инфорамира ДИК.

На 13 јули гласаат лицата позитивни на Ковид-19, а на 14 јули болните, немоќните и хронично болните, кои за гласање можат да достават барање до ОИК најдоцна до 8 јули на полноќ. Позитивните на Ковид-19 тоа треба да го направат со полномошник


Напишете коментар