Операцијата денеска во Хамбург успешно е извршена и еден од најдобрите фудбалери на Германија во својата генерација, веќе е пуштен на домашно лекување, пренесува „Билд“.

Докторите пред еден месец откриле дека Балак има сериозен проблем, кој може само хируршки да биде отстранет, па му била извршена комплицирана операција, која поминала добро.

Михаел Балак професионалната кариера ја започна во Кемницер, а играше уште и за Кајзерслаутерн, Баер Леверкузен, Баерн Минхен и Челси.
Со Кајзерслаутерн беше шампион во Бундеслигата 1998 година, додека со Баерн тоа го стори во три наврати 2003,2004 и 2006 година, а со Челси во 2010 година триумфира и во Премиер лигата.

За репрезентацијата на Германија одигра 98 меча и даде 42 гола.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *