На кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг Филип, најверојатно, нема да им биде дозволено да се вратат во Бакингемската палата до крајот на животот.

Тие биле преместени во замокот во Виндзор на 19 март, на самиот почеток на епидемијата, а очигледно, враќањето во палатата не е опција, пренесуваат британските медиуми.

Оваа информација во голема мера влијаеше на кралицата, која живееше во Багингемската палатата скоро целиот нејзин живот.

Се повеќе и повеќе се зборува дека кралицата нема да се врати, но дека Вилијам и Кејт ќе влезат во палатата, изјави Кејт Тортон за Tv True Royalty.

Иако се говори дека кралицата сака да абдицира со цел Чарлс да го наследи престолот, тие што ја познаваат кралицата и односите во кралското семејство ги отфрлаат ваквите тврдења.

Ние не веруваме во тоа. Таа ќе владее сè додека не се разболи, а можеби дури и до крајот на животот – вели кралскиот автор Том Квин.

Кралицата била многу разочарана поради одлуката засекогаш да остане во замокот во Виндзор.

Борис Џонсон: На почетокот лошо го проценивме вирусот!

Британскиот премиер Борис Џонсон призна дека владата не го дефиниралс добро корона вирусот за време на „првите неколку недели и месеци“ од појавувањето на Ковид-19 во Велика Британија.

Премиерот за Би-Би-Си изјави дека остануваат „многу отворени“ прашања за тоа дали затворањето на земјата започна предоцна.

Џонсон зборуваше за „лекциите што треба да се научат“ и рече дека министрите можеле да направат некои работи поинаку.

Во интервјуто по повод првата годишнина од неговото влегување во Даунинг стрит, Џонсон рече:

Не го разбравме (вирусот) на начин на кој би сакале да го направиме во првите неколку недели и месеци. И мислам дека веројатно единственото нешто што не го видовме на почетокот беше до кој степен вирусот асимптоматски се пренесува од личност до личност“.

Британскиот премиер рече дека можеби имало работи што можеле да ги направат поинаку.

Секако, ќе дојде време кога ќе разбереме што точно би можеле да направиме, или да направиме поинаку, рече тој.

Британската влада денес соопшти дека 30 милиони луѓе на островот ќе можат да добијат вакцина против грип оваа година, со цел да се намали притисокот врз здравствениот систем во случај на зголемување на инфекциите со коронавирус за време на есента и зимата.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *