Џо Бајден, новиизбраниот претседател, во понеделник ќе формира работна група од 12 лица за борба против короната, објави Блумберг.

Тоа ќе биде еден од неговите први чекори и реализација на едно од неговите ветувања за време на претседателската кампања – да се спротивстави на пандемијата на коронавирус што ги опустоши САД и нивната економија.

Работната група ќе биде предводена од поранешниот хирург Вивек Мурти, поранешниот комесар за храна и лекови Дејвид Кеслер и др. Марсела Нуњез-Смит, професор по јавно здравје на универзитетот Јеил. На нив ќе им се придружи и Езекиел Емануел, поранешен здравствен советник на администрацијата на Обама.

Кеслер и Мурти внимателно го следеа развојот на пандемијата за време на кампањата на Бајден и редовно го известуваа за ситуацијата.

Се очекува работната група да го информира Бајден за состојбата на пандемијата во понеделник откако ќе биде именувана, пренесува Блумберг, повикувајќи се на Аксиос.

Бајден вети многу посилен одговор на пандемијата за време на кампањата отколку Трамп. Короната досега има заразено 9,7 лица во Америка, а повеќе од 236 илјади починале. Дневниот број на новоинфицирани продолжува да расте од ден на ден.

Планот на Бајден е да го зголеми капацитетот за тестирање, да ги финансира деловните субјекти и училиштата безбедно да се отворат и на крајот да обезбедат безбедна и бесплатна вакцина за сите.