Гарет Бејл повторно беше во центар на вниманието на натпревар на Реал Мадрид и тоа не од фудбалски причини.

Велшанецот, кој во изминатите пет натпревари на „кралевите“ не стапнал на терен, повторно најде начин да се разоноди додека седи на трибините каде седат резервните играчи согласно новите корона-правила.

Минатиот пат ја стави заштитната маска преку очи за да може да си дремне, а овојпат реши да ја убие досадата на поинаков начин.

Од стегачот за рака и едната дланка си направи „двоглед“ и така ги следеше случувањата на теренот.

Едно е сигурно – на Бејл дефинитивно му е досадно во Реал Мадрид и нема сомнеж дека ќе има уште вакви детски потези од Велшанцот до крајот на шпанското првенство.


Напишете коментар