Грција ќе склучи билатерални договори од областа на туризмот со Бугарија, Австрија, Израел и Кипар, објави грчката телевизија Скај. На нив се очекува да им се придружат и други држави кои подобро се снајдоа во справувањето со коронавирусот, како Данска, Норвешка, Чешка и Австралија.

Целта е да се создадат безбедни коридори преку кои Грција може да привлече туристи во текот на летната сезона. На почетокот на следната недела, се очекува Атина да претстави сеопфатен план за туризам.

Грција најави дека ќе ги отвори рестораните на 1 јуни, како и организираните плажи на 16 мај. Но, грчките власти најавија некои барања за рестораните на плажите. Во нив ќе се служи само спакувано кафе и нема да има маси за клиентите. Служењето алкохол ќе биде забрането.

Грција не ја стави Македонија во групата држави кои најдобро се справија со корона вирусот.


Напишете коментар