Секој што последниве два-три дена внимателно ги следел најголемите американски медиуми (особено Си-ен-ен), јасно можел да види како глобалистите полека, но сигурно преминуваат од состојба на еуфорија (поради самопрогласената победа на Бајден) во состојба на паника.

Ова е анализата на белградски Информер на претседателските избори во Америка.

И тоа не е случајно.

Сега, осум дена по изборите, со голема сигурност може да се каже дека Трамп преминува во голема контраофанзива. Трамп подготвува земјотрес во срцето на Империјата, каков Америка досега нема видено.

Имено, колку медиумите и да ги спинуваат фактите, Трамп уште еднаш покажува колку е сериозен играч. Тој не падна на медиумското провокации пред време да истрча со доказите ( како што одминува времето, сè повеќе станува јасно дека тој располага со докази кои ги чува како асови во ракавот). Имено, при крај е процесот на систематизација на бројни докази за најголемиот грабеж на векот, т.е. за кражба на повеќе од 30 милиони гласови!

Во тек се подготовки за откривање на сето ова кога ќе се процени дека тоа е најповолниот момент.

Она што е исто така јасно е дека луѓето на Трамп имаат мнозинство во Врховниот суд и засега покажуваат целосна лојалност. Ако остане така, тоа ќе значи дека секој ден што ќе помине без официјалното прогласување на Бајден за претседател е ден што експоненцијално го зајакнува Трамп, и ја ослабува позицијата на Бајден.

Дека нешто навистина се случува зад ридот и дека не станува збор за блеф на Трамп, покажува и фактот дека деновите минуваат и дека нема индиции дека Бајден наскоро официјално ќе биде прогласен за претседател. Да не спомнувам дека најголемите светски сили како Русија, Кина, Бразил мудро молчат на прашањето за прогласувањето.

Единствениот „прогласување“ што се случи досега е тоа што се прави во строго контролираните медиуми и тоа што дојде од штабот на Бајден.

Трамп знаеше што му се подготвува и не седеше со скрстени раце.

Во следните денови ќе биде многу интересно да се следи оваа американско изборно реално шоу со никогаш поголем влог на неговите учесници во историјата.