Германскиот уметник Вилхелм Кох создаде споменик на германската канцеларка Ангела Меркел, на кој таа седи на коњ, пренесува Дер Шпигел. Споменикот висок 2,7 метри беше отпечатен во 3Д, а потоа беше поставен во Фројденберг, Баварија.

Според креаторот, делото не ги фали политичките достигнувања на водачот на федералната влада во Берлин, туку е поеќе мешавина на „чиста иронија и лична благодарност“.

Во интервјуто за германскиот весник, Кох рече дека создавањето на споменикот е инспирирано од изложбата на фотографии на Тил Бриглеб, на која се прикажани статуи на коњи: Бриглеб во својата книга пишува дека овој тип на статуи е целосно надвор од мода. Тешко е да се замисли политичар да јава на коњ, освен можеби Трамп, Путин или лидерот на Северна Кореја. Во својата книга, Бриглеб исто така напиша дека таквата статуа дефинитивно не би била соодветна за едно лице како што е Ангела Меркел.

Кох решава да ја побие оваа теза. Исто така, тој е заинтересиран за работата од уметничка гледна точка, бидејќи е скулптор. Толкувањето на сликата на канцеларката не беше негова главна грижа. Без оглед на политиката, г -ѓа Меркел е икона, вели тој и додава:

Скоро секој знае од што се состои нејзината слика: коса, облека, држење на телото и рацете. Можеби нема друга таква препознатлива личност во Германија, вели Кох. Уметникот објаснува и зошто статуата нема постамент: Ова е поврзано со самата г -ѓа Меркел. Се смета за многу скромнa. Покрај тоа, кога се создава модерна коњичка статуа, постаментот повеќе не е соодветен. Се создава впечаток дека таа јавала на коњ низ Оберпалц. Можеби коњот е подарок од Трамп, вели тој.

На Меркел, исто така, не и требаат седло и узди, нагласи Кох: Ова е природно за неа. Не сакав да правам карикатура. Според планот на Кох, статуата ќе остане на местото до следното лето: Дали ова ќе се реализира ќе зависи од реакциите. Никогаш не знаете што да очекувате.