Маж е уапсен во врска со нападот во Виена на 2 ноември, во кој четири лица беа убиени од приврзаник на Исламска држава, јави БТА.

Истражителите сметаат дека уапсениот е осомничен дека му помагал на напаѓачот Кујтим Фајзулаи, со потекло од тетовското село Челопек, кој беше убиен од полицијата на местото на злосторството, или можеби знаел за планираниот напад, изјави портпаролот на обвинителството.

Мажот, 21-годишен Австриец со египетско потекло, беше приведен во петокот во домот на неговите родители на периферијата на Виена. Уште десетина лица се уапсени по нападот и сè уште се во притвор, но не се обвинети.