На социјалните мрежи се појави фотографија од лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ од болничкиот кревет.

На фотографијата се гледа Јовановиќ видливо измачен и истоштен за време на инфузијата.

Јовановиќ беше хоспитализиран поради компликации предизвикани од пневмонија во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград. По еднонеделен преглед, лекарите успеале да ја пронајдат дијагнозата, а Јовановиќ многу брзо реагирал на терапијата.

Сопругата на лидерот на ЛДП, Јелена Јовановиќ, пред неколку дена изјави дека конечната дијагноза е утврдена по неколкудневни многу темелни анализи и тестови и дека има многу сомнежи кои се отстранети.

Лекарите констатираа воспаление на левото белодробно крило, микроемболизам на обете белодробни крила, плеуритис и дисфункција на дијафрагмата. По неколку дена детални прегледи, беше заклучено дека тој има спондилодисцитис, воспаление на нервите на торакалниот дел на ‘рбетот, од што веројатно потекнува болката што ја претрпел. Коктелот со антибиотици делува и параметрите се конечно подобри, изјави Јовановиќ и додаде дека тешката борба трае со месеци.