Фондацијата Бил Гејтс вети нови 250 милиони долари за поефтина и подостапна вакцина против КОВИД-19.

Оваа најголема донација досега е откако Гејтс веќе даде седумдесет милиони долари во ноември. Со последната донација, фондацијата донираше вкупно 1,75 милијарди долари за борба против пандемијата, пренесува Ројтерс.


„Дали светот ќе стане подобро место за живеење на сите луѓе зависи од тоа што ќе сторат светските лидери за да направат тестови, лекови и вакцини достапни за оние на кои им се потребни“, велат од фондацијата.

Парите ќе бидат искористени за доставување тестови и вакцини во слабо и средно развиените земји, додаваат тие.

Велика Британија стана првата земја што започна со вакцинација против КОВИД-19 во вторникот, кога 90-годишна жена прими вакцина Pfizer / BioNTech.