Велика Британија и Виетнам потпишаа договор за слободна трговија, изјави во вторникот секретарот за трговија Елизабет Трус.

Според новинската агенција ВНА, церемонијата се одржала во Лондон и биле вклучени амбасадорите, бидејќи виетнамскиот министер за трговија и високи претставници не можеле да ја посетат Велика Британија поради ситуацијата со „ковид-19“.

Договорот ќе стапи на сила во петок и предвидува укинување на 99 проценти од царинските давачки во рок од седум години.

  • Денес, нашите амбасадори потпишаа трговски договор со Виетнам во Велика Британија, обезбедувајќи континуитет за компаниите – објави Трус на Твитер, додавајќи дека со договорот постепено ќе се отстранат 99 проценти од царините.