Како што велат експертите, ова е нешто незабележано и е за понатамошни епидемиолошки студии!

Бројот на заразени пациенти од ковид-19 кои присуствувале на промоцијата на книгата во Горња Јеленска кај Поповача се зголеми на 90, пишува денес хрватскиот Вечерњи лист.

Тоа е и за светски стандарди досега невиден процент на заразени луѓе, односно од 116 тестирани од еден настан имаме 90 позитивни луѓе. Ова е нешто што не е досега забележано и е за понатамошни епидемиолошки студии”, рече директорот на Институтот за јавно здравје на округот Сисак-Мославина, Инослав Бркиќ.

Тој изјави дека ова е огромен број на контакти што сега мора да бидат опфатени. Бркиќ изјави дека поголемиот дел од нив веќе наредниот ден биле на отворањето на традиционалната манифестација на Володерска есен.

Отворањето на тој настан се одржа под шатор, а фотографиите покажуваат дека малку повеќе луѓе носеле маски отколку на промоцијата на книгата, каде што само неколку луѓе имале маски.

На промоцијата на книгата во Горња Јеленска присуствуваше и началникот на Штабот за цивилна заштита на округот Сисак-Мославина, Роман Росавец, а фотографиите покажуваат дека на настанот биле прекршени пропишаните мерки

Росавец е во самоизолација од четвртокот и во моментов е негативен за вирусот корона. На истата промоција присуствуваше и градоначалникот на Поповача, Јосип Мишковиќ, кој отиде во самоизолација во петокот вечерта, пишува Вечерњи лист.