На протестот на десетици илјадници граѓани во Берлин, против мерките на германските власти во борбата против корона вирусот, во еден момент, во близина на зградата на руската амбасада во центарот на градот, се слушнаа извикувања – „Путин, Путин“, објавија руските портали.

На видеото се слуша глас кој на чист руски јазик ги прашува демонстрантите зошто донеле руски знамиња, објави порталот „Лента.ру“.

Следуваше одговорот: „Едноставно е, затоа што Путин може да изврши притисок врз Трамп“.

Околу десетици илјади луѓе се собраа на централната улица на Берлин да протестираат против корона мерките на кабинетот на Меркел! На протестите имаше и спорадични инциденти.

Еден од од нив се случи пред руската амбасада, кога демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења и шишиња. Според претставникот на полицијата, руската дипломатска мисија не била цел, а две лица биле приведени.


Напишете коментар