Спортскиот арбитражен суд му забрани на рускиот претседател Владимир Путин две години да присуствува на Олимписките и Параолимписките игри и Светските првенства .

Забраната на судот се однесува на „претставниците на руската влада“.

Како што е наведено во посебниот став на одлуката, претставници на владата се „заменици министри, министри, вицепремиери, премиер и претседател на Руската Федерација“.

Единствениот начин Путин да присуствува на Олимписките игри е претседателот или врвот на земјата домаќин да го покани како специјален гостин.

Како што известува Раша Тудеј, ставот за забраната за присуство има исклучок во случајот „ако претставникот на Владата на Русија е поканет од врвот на земјата домаќин како специјален гостин“.