Саудиска Арабија веројатно има доволно резерви на ураниум под земја за може да започне со производство на нуклеарна бомба, пишува британскиот весник Гардијан, чии новинари наводно виделе доверливи документи за тоа.

Гардијан признава дека не можел да ја потврди автентичноста на извештајот, кога станува збор за резервите на ураниум, направени од Институтот за ураниум во Пекинг и Кинеската национална нуклеарна корпорација во соработка со Саудискиот геолошки институт.

Уште откако саудискиот принц Мохамед бин Салман изјави во 2018 година дека ако Иран развие нуклеарна бомба, „ние ќе го следиме примерот што е можно поскоро“, медиумите повикуваат на саудиска нуклеаризација.

Кинеските геолози, пишува Гардијан, работеле брзо во текот на целата година, и покрај летните горештини, за да ги мапираат резервите на ураниум и за да му помогнат на Ријад во нуклеарната програма. Тие пронајдоа резерви во центарот и северозападот на Саудиска Арабија, од кои може да се произведат 90.000 тони ураниум, пренесува Гардијан.

Ријад во основа сака да изгради нуклеарни централи, но ако Иран ја развие својата нуклеарна бомба, тогаш тос ќе го следи Саудиска Арабија. Тоа би било како трката за нуклеарна бомба меѓу Индија и Пакистан.