Сирискиот претседател Башар ал Асад (54) го прекина својот говор пред пратениците во сирискиот парламент, откако му се слоши поради нискиот крвен притисок, објави сириското претседателство.

Како се наведува, тој го прекинал говорот неколку минути, поради благи здравствени проблеми предизвикани од низок крвен притисок, но по кратко време Асад продолжил со говорот нормално, пренесува АП.

На официјалната страница на Фејсбук на Претседателството беше објавено дека целиот говор ќе биде објавен во текот на денот.

До сега не се знаеше дека Асад има здравствени проблеми.

Тој се обрати пред членовите на парламентот по повод изборите минатиот месец, трети по ред по почетокот на конфликтот во земјата во 2011 година.


Напишете коментар