По вчерашните објави за новиот Претседател на Државната изборна комисија, на предлог на ВМРО ДПМНЕ, Александар Даштевски, како носител на изборната листа во втората изборна единица од партијата Демократска десница, денес на твитер беа објавени нови фотографии од Даштевски како држи говор на конвенција на партијата Обединети за Македонија на Љубе Бошковски.

Но уште поголеми дебати на социјалните мрежи има за вториот предлог на ВМРО ДПМНЕ, за член на ДИК, Бобан Стојаноски, како оди на митинг на СДСМ во 2006 година во блуза со бојата и ознаките на СДСМ.

На твитер и фејсбук можеа да се прочитаат коментари дека блиска роднина на Стојаноски била фонансиски директор на ТЕЦ Осломеј и дека ( наводно ) со нејзин потпис 230 вработени во таа компанија, претежно членови на опозицијата, останале без работните места.

Инаку таа кичевска врска е сега многу силна во ВМРО ДПМНЕ. Освен пратеникот ( а многумина велат втор или трет човек по сила во партијата ) Антонио Милошовски, од Кичево е и новиот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски. Но сепак, конците и понатаму од позадина ги влече екс пратеникот Илија Китановски. Китановски е многу близок со потпретседателот на партијата, Александар Николоски и беше негов ментор кога младиот Николоски стана прв пат пратеник во 2006 година на свои 22 година.

Интересно е дека ( ако е тоа точно ) фотографијата на новиот член на ДИК од редовите на ВМРО ДПМНЕ како оди на митинг на СДСМ е од 2006 година, а таа 2006 година Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ прв пат станува пратеник.

Во секој случај ќе биде интересно да се слушне одговорот на Стојаноски дали и до кога бил член на СДСМ или само во одреден временски период бил само симпатизер на таа партија!?