Полицијата во Херцег Нови му забрани влегување на пејачот Владо Георгиев во Црна Гора до 2030 година, објави адвокатската канцеларија Томановиќ.

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора најпрво ја прифати жалбата од канцеларијата на Томановиќ, застапувајќи го Георгиев, во која се наведува дека забраната за влез е законски неодржлива, бидејќи не е наведена причината зошто ќе му биде забранет влез, а потоа полицијата на Херцег Нови му забрани влез повторно на 10 години.

„Во меѓународната правна практика, секогаш постои форма на деградирачки третман на индивидуа кога државата постапува без легитимна цел, непропорционално и наменско навредување на поединецот, затоа што странец има права загарантирани со бројни меѓународни правни документи при влез во земјата“, наведува адвокатската канцеларија.

Во изјавата се изразува уверување дека второстепениот орган ќе ја прифати правната аргументација и ќе ја откаже забраната за влез на Георгиева во Црна Гора, објавија белградските медиуми.

Да се потсетиме, на Георгиев му беше забранет влез во таа земја на крајот на август на границата со Црна Гора, а пејачот тогаш објави дека како причина се наведува „националната и внатрешната безбедност“.