Лепа Брена важи за една до најголемите ѕвезди на нашите простори. Има долгогодишна кариера, па поради тоа не изненадува фактот дека има толку многу пари.

Таа со сопругот Боба Живојиновиќ и синот Виктор живее во луксузната вила на Бежанијска коса, а куќата има неколку дневни и спални соби, чиј ентериер е опремен со луксузен мебел. А кога сакаат да се опуштат, одат во посебниот дел од куќата кој е дизајниран за опуштање и дружење.

Се пишуваше дека пред две години куќата ја ставиле на продажба за наводни 2 милиони евра.

Покрај куќата во Белград, Брена и Боба пазареа и стан во луксузна зграда во која еден квадрат чини над 4 илјади евра. Ги нарекуваат кралски апартмани и се наоѓаат во центарот на Будва.

Исто така медиумите пишуваа дека Брена искеширана повеќе од еден милион евра за купување на два стана, за Виктор кој се наоѓа на Нов Белград и за неа и Боба кој се наоѓа во луксузниот дел „Белград на вода“.

Куќата на Мајами им вреди скоро милион евра, се наоѓа во луксузниот дел на Мајами и одржувањето чини цело богатство.

Брена исто така купи плац на Фрушка Гора каде планира да изгради луксузен стамбен комплекс.

Пејачката и нејзиниот сопруг поседуваат и огромен возен парк. Скеој од автомобилите има своја цел. Имаат БМВ, два џипа мерцедес, а на својот син Стефан му подари Порше Панамер.

Тие исто така се сопственици на јахта која се наоѓа на хрватското приморје. Планираат да ја продадат и да купат друга која се проценува на 6 милиони евра.

Боба исто така на сопругата и подари микрофон во вредност од 30.000 евра.