Меѓу земјите од групата на седум најразвиени економии во светот – Г7, сите членки на ОЕСР, досега најголем пад на БДП имаше Велика Британија

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР) објави дека нејзините 37 членки бележат невиден економски пад од 9,8 проценти во вториот квартал во однос на претходниот квартал.

Економскиот пад од пандемијата на коронавирус далеку го надмина 2,3% падот на БДП, забележан во првиот квартал на 2009 година, во екот на глобалната финансиска криза, се вели во соопштението на ОЕСР.

Меѓу државите од групата седум најразвиени економии во светот – Г7, кои се членки на ОЕСР, Велика Британија имаше досега најголем пад на БДП, од 20,4 проценти, јави Хина.

Следува Франција, намалување за 13,8 проценти во вториот квартал, по 5,9 проценти во првиот квартал од оваа година.

Италија забележа пад на економијата од 12,4 проценти, Канада 12 и Германија 9,7 проценти, објави ОЕСР.

САД следеа со благ благ пад, од 9,5 проценти во вториот квартал.


Напишете коментар