Американските молекуларни биолози открија дека првата голема промена во геномот на коронавирусот, мутацијата D614G, не само што ја зголемува нејзината инфективност и отпорност на студ, туку исто така го прави и поранлив на нападите на антителата, објави ТАСС. Резултатите од студијата се објавени во списанието Science Advanceis.

Нашите експерименти покажаа дека мутацијата D614G ја смени структурата на протеините на обвивката на коронавирусот, на таков начин, што шансите за успешна пенетрацијата во клетките беа значително зголемени. Од друга страна, оваа иста промена им дава на антителата повеќе време и можност за врзување со делови со САРС-CoV-2, пишуваат истражувачите од Националната лабораторија во Лос Аламос (САД).

Првата голема промена во геномот на коронавирусот се случи на почетокот на март минатата година, кога во Европа почнаа да се шират нови соеви на коронавирусот, со заедничка мутација на таканаречениот ген S, кој го кодира оној дел од неговата обвивка кој е директно поврзан до пенетрацијта во телото кое се заразува.

Оваа мутација D614G сега е присутна во скоро сите варијанти на коронавирусот што циркулираат во популацијата на сите континенти на Земјата.

Тим молекуларни биолози предводен од Сандрасегарам Гнанакаран, истражувач во Националната лабораторија во Лос Аламос (САД), детално ги проучил ефектите на оваа мутација и открил претходно непозната особина што може да ја зголеми ефикасноста на вакцините и природниот имунитет против САРС-CoV- 2

Оваа карактеристика на вирусот може да објасни зошто сите постојни вакцини, чиј развој започна пред појавата на мутацијата D614G, дејствуваат на неговите носители исто толку ефикасно како и во првите верзии на SARS-CoV-2. Оваа ахилова пета на коронавирусот може да се користи во развојот на нови вакцини и моноклонални антитела, сугерираат истражувачите.