Денешната автобуска несреќа во близина на Боснек, во која загинаа 46 лица, е најтешката автобуска несреќа во Европа во последната деценија, пренесе АФП.

Агенцијата ги испитува најголемите автобуски трагедии на континентот во последните 10 години:

2021: Катастрофа во Бугарија

Најмалку 46 лица, меѓу кои 12 малолетни, загинаа кога рано утринава во Бугарија се запали автобус кој сообраќал од Истанбул за главниот град на Македонија, Скопје.

2019: Португалија и Русија

Португалија: 29 германски туристи загинаа кога нивниот автобус излетал од патот на пат кон ресторан на планинскиот остров Мадеира на 18 април.

Русија: Автобус падна од мост во замрзната река во Сибир на 1 декември, при што загинаа 19 лица.

2018: Турција и Бугарија

Турција: 17 мигранти прошверцувани низ Турција загинаа, а 36 беа повредени кога нивниот автобус се запали откако удри во столб на 29-ти март во близина на Карс на истокот од земјата. Повеќето од нив биле Иранци, Авганистанци и Пакистанци.

Бугарија: Дваесет аџии загинаа откако нивниот автобус се преврте при силен дожд северно од Софија за време на патување во православен манастир на 25-ти август.

2017: Автобусен пекол

Германија: 18 возрасни туристи од Саксонија загинаа кога нивниот туристички автобус се запали по судир со камион во Баварија на 3 јули.

Италија: 16 лица – главно унгарски тинејџери кои се враќаа од скијање во Франција – загинаа на 21-ви јануари кога нивниот автобус се запали по несреќата во близина на северниот град Верона.

Русија: 16 лица загинаа кога воз удри во расипан автобус со претежно узбекистански патници на железнички премин источно од Москва на 6-ти октомври.

2015: Најлошата катастрофа во последните 30 години

Франција: Во најтешката француска сообраќајна несреќа во последните три децении, 43 лица загинаа кога автобус со пензионерски клуб се судри со камион и се запали во близина на Пузеген во југозападниот дел на земјата на 23 октомври.

2014: Експлозија на резервоар

Турција: Цистерна што превезуваше течен нафтен гас (ТНГ) се преврте и експлодираше на автопат во југоисточниот дел на земјата на 22-ри јули, при што загинаа 26 лица во два автобуса што минуваа, зафатени во пламен.

Уште 21 лице загина во централна Турција на 23-ти јануари кога нивниот автобус се преврте на замрзнатиот пат во текот на ноќта.

2012: Загинаа 22 деца

Швајцарија: 28 лица, меѓу кои 22 деца, загинаа во несреќа во Сиера, јужна Швајцарија, додека се враќале во Белгија од ски-одмор на 13 март.

2011: Ученици загинаа во Турција

Турција: 25 лица, главно студенти, загинаа кога камион натоварен со цигли се судри со автобус во близина на Салат, село во југоисточната провинција Дијарбекир, на 21 декември.