Телеграм стана рај и засолниште за сајбер криминал, покажуваат најновите истражувања.

Фирмата која се бави со сигурноста на интернет Cybint направи заедничко истражување со порталот Фајненшл тајмс за компјутерскиот криминал на Телеграм.

На сајбер криминалците им е најлесно да тргуваат со украдени податоци и алатки за хакирање преку Телеграм, како и да разменуваат информации што би биле корисни за следните напади.

WhatsApp порано беше главното прибежиште на овие луѓе, но откако таа апликација воведе нови правила за приватност, тие се префрлија на Телеграм, кој во моментов има над 500 милиони корисници.

Најважниот фактор е дека апликацијата е лесно достапна и едноставна, за разлика од андерграунд форумот на дарк веб.

Истражувањето на Cybint покажа дека сајбер криминалот се зголемил за 100 отсто на Телеграма, и дека количината на нелегални податоци што се разменуваат таму секој ден се зголемила на 300 отсто.