Финската премиерка Сана Марин повика на скратување на осумчасовниот работен ден, велејќи дека пократкото работно време може да се компензира со зголемената продуктивност.

Марин, која ја започна идејата за шестчасовен работен ден уште пред да стане премиерка, ќе мора да ги убеди другите четири партии во коалициската влада да го отворат патот за пократок работен ден поради зголемената невработеност предизвикана од пандемијата на Ковид-19, пренесува Ројтерс.

Мораме да направиме јасна визија и конкретни чекори за Финска да се движи кон воведување на пократко работно време, а вработените во Финска кон подобар работен век, им соопшти 34-годишната премиерка на членовите на својата партија, кои вчера ја избраа за претседател на Социјалдемократите.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *