Во моментов, најгледаната серија меѓу корисниците на Netflix е мегапопуларната јужнокорејска серија наречена Squid game. Серијата, која стана најгледана на Нетфликс досега, е всушност исклучително насилен трилер во кој 456 луѓе кои се бездомници или презадолжени, очајни, без надеж, се натпреваруваат за конечната награда од 39 милиони долари.

Натпреварот се состои од навидум потполно безопасни игри што си играат едни со други – детски игри што сите ги паметат од детството. Но, во тие детски игри, сите што губат – умираат.

Можеби сте слушнале само за серијата, и можеби сте еден од оние што останале будни до раните утрински часови гледајќи ја. Што и да е, ние секако се надеваме дека сте се погрижиле да не им дозволите на вашите малолетни деца да пристапат до оваа содржина.

Играта со лигњи беше критикувана од наставници ширум светот, кои се плашат дека децата нема да дојдат до идеја да ги имитираат предизвиците од серијата, особено насилните сцени во кои натпреварувачите се повредени и убиени.

Епизодите од серијата содржат многу насилни сцени во кои натпреварувачите се убиваат или се тешко повредени. Во секоја епизода, ликовите се натпреваруваат во крвави верзии на традиционалните игри. Кој и да победи, оди во следната рунда, а губитникот е убиен.

Игрите се одвиваат во замок кој изгледа како вреќа со бонбони, а го чуваат чувари облечени во розово.

Почитувани родители, забележавме дека голем број наши ученици ја гледаат играта Squid game. Исто така, забележано е дека сe поголем број деца почнуваат да ги копираат овие игри на игралиште, што доведува до конфликт. Децата што ја гледаат таа серија се изложени на ужасни сцени на насилство и ние нема да толерираме такво однесување на децата на училиште – се наведува во писмото што директорот на едно американско училиште им го испратил на родителите на ученицитe.

Сакам да ве потсетам дека оваа серија не е погодна за деца под 15 години и дека тоа беше нагласено со причина. Не е соодветно за учениците во основните училишта. Родителите на секое дете што имитира такво однесување ќе бидат поканети на училиште и ќе бидат применети санкции. Ве молиме, не затворајте ги очите за опасностите од оваа ТВ програма за вашите деца и наместо тоа, применувајте позитивно однесување. Преправањето дека пукате едни на други не е ниту соодветно ниту прифатливо. Ве молиме, поддржете не во заштитата на нашите деца – напишано е во продолжението на апелот и ова училиште не е единственото што реагираше поради споменатата серија.

Не знаеме до кој степен учениците од основните училишта во Македонија се изложени на оваа содржина, но апелираме до родителите да не бидат измамени бидејќи тоа е само серија и како нивните деца многу добро знаат да разликуваат фикција од реален живот. Оваа содржина не е погодна за деца од основно училиште и важно е да се има во предвид тоа.