Нуклеарниот бункер на Тито, со кодно име „Истанбул“, е една од најстрого чуваните тајни на Југославија. Изграден е со цел да обезбеди засолниште на 350 најблиски соработници на Тито во случај на нуклеарна катастрофа.

За неговата изградба освен Тито знаеја само уште четири команданти на ЈНА. Изградбата на титовиот подземен град траеше од 1953 до 1979 година. Се наоѓа на четири километри од градот Коњиц во Босна и Херцеговина. Вкупната вредност на целиот проект изнесува околу пет милијарди долари.

Во него во случај на нуклеарна хаварија или нуклеарна војна требаше да се кријат Тито, Јованка, воениот и политичкиот врв на поранешна СФРЈ.

извор :блиц.рс