Кајли Џенер (24) важи за една од најуспешните сестри во фамилијата Кардашјан. А за успешноста говори и фактот што таа од пред две години, според извештајот на Форбс, е прогласена за најмлада жена милијардер.

Утрово Кајли на својот инстаграм профил објави 90 секунди видео со кое го привлече вниманието на светот и ја сподели среќната вест со сите: Кајли ќе биде мајка по втор пат.

Иако веќе подолго време se шушкаше, дури сега популарната ријалити ѕвезда и модел Кајли Џенер официјално потврди дека е бремена, по втор пат.

Таа објави кратко видео на својот Инстаграм, на кое се гледа како прави ултразвукот, но и начинот на кој таа и кажала на својата мајка дека е повторно бремена.

Кајли и нејзиниот свршеник Тревис Скот беа во врска од 2017 година, а раскинаа откако се роди Сторми. Сепак, тие успеаја да ги надминат сите пречки.