Најпознатата италијанска спортска презентерка, Дилета Леота, преживеа вистински хорор, по извршениот грабеж во нејзиниот стан. Таа не беше во Милано во моментот кога провалниците влегоа во нејзиниот стан и украле стока во вредност од 150.000 евра.

Дилета откри дека од нејзината куќа исчезнале 8 часовници, меѓу кои и четири скапи ролекси, ѓердани, прстени и готовина од 6.000 евра, како и кредитни картички и лични документи. Вкупната вредност на украдената стока е околу 150.000 евра.
Сето тоа беше во мал мобилен сеф, кој беше изнесен од станот.

Полицијата започна истрага и според првите информации, Дилета Леота била цел на професионални крадци, „специјалци од Грузија“, меѓутоа, постои и хипотеза дека трагите и методот на грабежот личат на некои групи од поранешна Југославија.

Дилета Леота се смета за најатрактивна презентерка не само во Италија, туку и во Европа. Таа е следена од 6,6 милиони луѓе на Инстаграм и заработува многу не само од нејзината водителска работа, туку и од маркетинг и рекламирање производи.

Еве дел од фотографиите на Дилета Леота на инстаграм:


Напишете коментар