Во серијата експлозии утринава во главниот град на Авганистан, Кабул, загинаа најмалку четири лица, вклучително и двајца полицајци, а други 4 беа повредени.

Во исто време, имаше експлозија во јужниот дел на главниот град и по тој повод, двајца полицајци беа ранети, соопшти полицијата, пренесе АП.

Третата магнетна бомба експлодира во источниот дел на Кабул, но без жртви, а се споменуваат уште најмалку две експлозии без детали за точната локација.

Овие напади се случија кога претставниците на бунтовничките талибанци и авганистанската влада беа на мировните разговори во Катар и се обидуваа да ја прекинат повеќедецениската граѓанска војна.

Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападите.