Неколку лица беа повредени во напад со нож што се случи во германскиот град Оберхаузен. Осомничениот е уапсен.

Инцидентот се случил околу 19 часот, а повредените биле пренесени во болницата. Како што се наведува, самиот напаѓач бил приведен, но пренесен во болница бидејќи и тој бил повреден.

Мотивот за злосторството не е познат, а точниот број на повредени исто така не е познат.

Истрагата е во тек.