Силна експлозија одекна на аеродромот во градот Аден во Јемен во моментот кога авионот на новата влада слета.
Според првичните информации, пет лица загинаа, а 20 беа повредени.
Членовите на владата кои пристигнаа од Саудиска Арабија не беа повредени, бидејќи во тоа време биле во авионот.
Претходно, владата на Јемен положи заклетва во Ријад, каде што е претседателот на земјата, Абду Рабу Мансур Хади.
Аден е привремен главен град на Владата на Јемен, што е признаен од меѓународната заедница, по бунтот во 2014 година.