Турската војска беше мета на курдските милитанти рано утрово, објави Министерството за одбрана на Турција, објави ТВ Б92.

Главните цели на нападот беа две воени бази на истокот на земјата, поточно Командата на беспилотните воздушни системи во провинцијата Батман и командата на 23-та пешадиска дивизија во провинцијата Сирнак.

Курдите користеле беспилотни летала, а како што соопшти турското Министерство за одбрана, нема жртви и голема материјална штета.