Спасувајќи ја главата како неистомисленик на политиката на турскиот султан, славниот фудбалер Хакан Шукур побегна во Америка, каде живее во сиромаштија и покрај милионите што ги заработи за време на неговата кариера.

Легендарниот голгетер на Галатасарај мораше да ја напушти својата земја за да не заврши зад решетки, бидејќи тој јавно му се спротивстави на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Тој отиде во Калифорнија и за да преживее започна да прави работи за кои никогаш не сонуваше дека ќе мора да ги прави. Сега тој е ко-сопственик на еден ресторан во градот Пало Алто со еден пријател.

Познатиот центарфор на Турција, Хакан Шукур, со кого неговата репрезентација стигна до третото место и историскиот успех во 2002 година на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја, денес живее далеку од својата татковина, со тежок живот, иако заработи милиони и милиони во неговата кариера.

Шукур сам го избра патот на политички егзил во САД. Како што вели, ја загрозил својата и егзистенцијата на неговото семејство, но заработувајќи пари како таксист и книжар ја спасил својата чест. Тој не сакаше да страда под режимот на Реџеп Таип Ердоган.

Возам за Убер, таксирам. Да, и јас продавам книги повремено. Јас сум непријател на погрешната политика, која не дели од западната цивилизација. Тие политичари извршија многу злосторства и се плашат од сите што ги потсетуваат на тие злосторства, вели Шукур.

Проблемите на Шукур започнаа во 2013 година, кога тој ја напушти партијата на Ердоган:

Тие фрлаа камења кон бутикот на мојата сопруга, моите деца беа малтретирани на улица. Морав да заминам. Само што заминав, татко ми беше уапсен. Тој се разболе од рак во затвор. Поради тоа е ослободен, сега е во домашен притвор. Мајка ми исто така има и рак. Секој што има врска со мене има многу проблеми во животот.

Како изгуби сè, иако играше за најголемите турски клубови во кариерата, во Италија, Англија!?

Немам пари, вложив сè во Турција. Така, останав без ништо. Никаде не ми остана ништо.

Новинарите се интересираа дали Шукур верува дека еден ден повторно ќе се врати во својата татковина?

Тоа е мојата земја. Го сакам мојот народ, иако имиџот за мене е нарушен поради контролираните медиуми. Можеби ќе ја посетиме Турција во иднина. Нема секогаш да биде темно. Верувам дека еден ден светлината ќе се врати. Темнината не трае вечно, изјави поранешниот фудбалер.

Пријатели од Турција тајно го советуваа да каже дека ги поддржува Ердоган и неговата влада и дека во тој случај ќе добие сè назад и ќе може да се врати во својата татковина.

Јас ќе живеев многу добро и ќе станев министер ако се согласев на таква игра и ако го сторев тоа што го бараа. Но, еве сега продавам кафе.

Да потсетиме, со одлука на државата Турција, Шукур беше избришан од историјата на Галатасарај, но и на целиот турски фудбал, бидејќи беше обележан како непријател на државата.

Целиот негов имот е одземен. По завршувањето на кариерата, Шукур се ангажираше политички во партијата на Ердоган, но наскоро ја смени страната и му се приклучи на Фетула Гулен, кога започнаа неговите проблеми.