Заменик претседателот на Народното собрание на Бугарија и лидер на партијата Воља, Веселин Марешки е осуден на четири години затвор за изнуда пари и рекет, објави Бугарското национално радио.

Покрај политичката активност, Марешки поседува мрежа на аптеки и бензински пумпи „Марешки“.

Обвинението против него беше покренато во врска со случајот што се случи во 2014 година, кога заедно со бизнисменката Красимира Колева го принуди сопственикот на пицеријата Асен Миланов да и плати на поранешната сопругата закупнина за локалот, а тие исто така му се заканија дека ќе му создадат пречки во бизнисот.

Сепак, во 2019 година, судот пресуди дека немало изнуда од Марешки, бидејќи тој немал никаква финансиска корист. Судот дошол до тој заклучок кога се дознало дека Марешки постапил по молба на Колева, чиј сопруг бил вистинскиот сопственик на локалот. По разводот, таа не можела да ги добие средствата од нејзиниот сопруг и решила да си ги врати на тој начин.

Случајот беше повторно отворен оваа година на барање на оштетениот Асен Миланов.

Инаку, против Марешки беше поведена управна постапка, кога тој му нанесе полесни телесни повреди на водачот на јавната организација „Препород“, Костадин Костадинов, кој реши да интервенира и да се замеша во ситуацијата.

Инаку Марешки е познат по изјавата дека оние кои себеси се нарекуваат русофили во Бугарија се третираат исто како и Евреите во нацистичка Германија. Марешки за себе вели дека е русофил.