НАСА започна нов проект и лансираше вселенско летало во вторникот вечерта, на мисија која има за цел да придвижи (упати во друг правец) астероид за да утврди дали може во иднина да ја спаси Земјата од можно уништување при судир со други вселенски тела.

Вселенското летало DART (Dual Asteroid Diversion Test) полета од вселенската база Ванденберг во соработка со ракетата SpaceX Falcon 9 како дел од заедничкиот проектот вреден 330 милиони долари а летото беше проследен со звуци од филмот на Брус Вилис – Армагедон.

Доколку се оди според планот, во септември 2022 година ќе ја тестира својата технологија за вртење на астероидот со дијаметар од 160 метри, со брзина од 24.139 километри на час.

Ова нема да го уништи астероидот. Тоа само малку ќе го раздвижи, изјави Ненси Чабот од Лабораторијата за применета физика – Џонс Хопкинс, која раководи со проектот.

Вселенското летало DART ќе има за цел да орбитира околу астероидот со средна големина Диморфос, кој орбитира околу многу поголемиот астероид Дидимос и ова ќе биде прва целосна демонстрација на овој тип на технологија за одбрана на планетата.

DART и астероидот не претставуваат никаква опасност за Земјата, но им нуди можност на научниците да ја измерат ефективноста на судирите.

Диморфос завршува една орбита околу Дидимос на секои 11 часа и 55 минути.

Промената на орбиталниот период ќе се мери со телескопи од Земјата. Минималната промена за мисијата да се смета за успешна е 73 секунди.