Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја утврди листата на пријавени кандидати за избор на претседател и членови на ДИК, а на предлог на ДУИ, Насер Зибер со седум гласа „за“ е утврден за предлог-кандидат за народен правобранител.

Огласот за членови на ДИК заврши, а до Комисијата се пристигнати пријави од 14 кандидати меѓу кои има и поранешни и актуелни членови, но и вработени во службите во Комисијата и правници. Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува на 15 јануари.

На огласот за народен правобранител, што беше распишан на крајот на ноември, пристигнале четири кандидатури.

Пратеничката од ДУИ Теута Биљали Зендели на седницата предложи Насер Зибери да биде утврден како кандидат на Комисијата за народен правобранител.