Првите испораки на вакцината за коронавирус во Европската унија може да започнат во среда, објави во вторникот германскиот производител на вакцини „БиоНТех“.

До крајот на годината, 12,5 милиони дози ќе бидат подготвени за Унијата, изјави директорот за продажба на компанијата Шон Марет.

Вакцините се чуваа во фабриката на американскиот партнер на БиоНТех, Фајзер, во Пурс, Белгија.

Вакцините треба да бидат во секоја земја-членка до сабота, така што вакцинациите можат да започнат во недела, рече директорот на БиоНТех, Сиерк Поетинг.

Во вторникот изјави дека нивната вакцина ќе биде исто така ефикасна против новиот вид на вирус, кој е потврден во Велика Британија и во неколку други земји.

Германскиот институт Роберт Кох во вторникот рече дека нов вид на вирус најверојатно веќе пристигнал во Германија, иако засега нема лабораториски докази.

Бидете спокојни се ќе биде во ред – додадоа од иснтитутот.