Кој ќе биде кандидат на конзервативците за канцелар на федералните избори во Германија, Армин Лашет (ЦДУ) или Маркус Зедер (ЦСУ)?

Вчера имаше важен состанок на лидерите на ЦДУ и ЦСУ. Одлука ќе биде донесена наскоро.

Кога две конзервативни сестрински партии во Германија, ЦДУ и ЦСУ, ќе номинираат кандидат за канцелар, тој секогаш има големи шанси за брз подем во неговата политичка кариера.

За време на скоро 72 години од постоењето на Сојузна Република Германија, канцеларот или канцелката од редовите на ЦДУ управуваа со судбината на земјата 51 година.

Дури и сега, партијата на Ангела Меркел сè уште води во анкетите, на половина година пред изборите, пишува ДВ .

Сепак, сè е различно од вообичаеното.

Поради пандемијата и лошото владино управување со кризата во последно време, според анкетите, конзервативците нагло ја губат поддршката на гласачите.

Некои нивни заменици беа принудени да дадат оставка, поради збогатување од огромни провизии за посредништво при набавка на заштитни маски.

И пред се: по 16 години поминати во кабинетот на германскиот канцелар, Ангела Меркел се повлекува – таа нема да се кандидира на изборите оваа есен и остава дезориентирана партија.

Таа неодамна ја доби довербата меѓу 26 и 28 проценти од испитаниците во анкетите. Зелените се веднаш зад неа.

Меркел освои 32,9 проценти од гласовите на федералните избори во 2017 година.

Два политичари се сметаат за фаворити во кандидатурата за канцелар.

Двајцата во моментов се премиери во нивните сојузни покраини.

Армин Лашет, претседател на ЦДУ од јануари годинава, е премиер на Северна Рајна-Вестфалија – најнаселена сојузна покраина во Германија.

И Маркус Зедер, првиот човек на баварската сестринска партија ЦСУ, е на чело на баварската влада.

Всушност, правилото е: Ако претседателот на ЦДУ побара кандидатура за себе, никој не може да го спречи, бидејќи ЦДУ постои во 15 сојузни држави, а ЦСУ само во Баварија. Но, 2021 година е различна и во тој поглед.

Бидејќи Маркус Зедер, динамичен премиер во Баварија, е еден од политичарите кои имаа многу јасен став за време на пандемијата.

Тој секогаш стоел и стои на страната на канцеларката, која се залага за најстроги можни ограничувања и е прилично скептичен во однос на ублажувањето на мерките.

И во исто време, иако повеќе не е толку изразено, тој сепак го има зад себе мнозинството Германци.

Затоа Зедер, за авниот сервис ЗДФ, изјави: Сите ги сакаат гласовите на гласачите на Ангела Меркел. И ако ги сакате гласовите на Ангела Меркел, мора да ја имате политиката како што таа имаше

Армин Лашет беше еден од застапниците на мерките за ублажување во корона кризата, особено летото 2020 година, што подоцна, барем според многу експерти, предизвика повторно зголемување на бројот на инфекции.

Сега новиот шеф на ЦДУ се залага за строга кратка блокада, како Зедер и Меркел.

Но, неговата брза промена на одлуките му го наруши имиџот.

Дури и Меркел од јавниот сервис АРД ја критикуваше корона политиката на нејзиниот наследник на чело на партијата, кога рече: „Тоа не ме радува“.

Германците би имале поголема веројатност да му ја доверат на Зедер најважната политичка позиција во земјата: во анкетата на институтот за гласање кон YouGov, во март оваа година, 41 процент од испитаниците сакале Зедер да ја води Унијата на обете партии во федералната изборна кампања, а само 14 проценти беа за Лашет.

Меѓу гласачите на Унијата, Зедер има уште поголемо водството, со 63 проценти, наспроти 12 проценти кои се за Лашет.

Тоа предизвика возбуда во парламентарниот клуб на Унијата во Бундестагот. Ако обете партии поминат многу полошо на есенските избори отколку на претходните, местата на многу од вкупно 245 конзервативни пратеници во парламентот ќе бидат загрозени. Затоа, со сета солидарност со Лашет, сè повеќе важи правилото: Ние сме за оној што ќе добие најмногу гласови.