Лидерот на Белорусија, Александар Лукашенко, наредил воздушно десантната бригада да биде префрлена во градот Гродно, кој се наоѓа во близина на границите со Полска и Литванија.

Во Полска и Литванија се одржуваат воени вежби на НАТО силите. Ние не можеме на тоа да гледаме смирено. Кога го слушав извештајот на началникот на Генералштабот забележав дека нашите војници се загрижени за истиот проблем. Затоа барам, со оглед на напнатата состојба на западните граници, да ја префрлиме воздушно десантната бригада од Витебск во Гродно. рече Лукашенко.

Денес, белорускиот лидер одржа состанок во Центарот за стратешка контрола на Министерството за одбрана на Белорусија. Тој објасни која е неговата главна цел во моментот.

Во моментов немам други цели освен да зачувам независна и стабилна држава, рече Лукашенко.

Тој додаде дека земјата има доволно ресурси за да ја обезбеди безбедноста на Белорусија.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека се договорил со претседателот на Русија, Владимир Путин, за давање помош во случај тоа да биде потребно.

Се договорив со Путин дека при првата наша молба, Русија ќе обезбеди сеопфатна помош со цел да се обезбеди безбедноста на Белорусија, рече Лукашенко!


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *