Клубот на млади од Риека, популарен бар во тој град, постави необичен натпис пред неговиот влез како упатство за сите оние кои имаат намера да влезат.

Имено, Клубот апелира оние кои имаат симптоми на коронавирус, но и симптоми на низа други „проблеми“, да не влегуваат во објектот.

  • Ве молиме, не влегувајте со симптомии на ковид-19, расизам, хомофобија, фашизам, национализам, шовинизам, снобизам, сексизам, примитивизам, сензационализам – се наведува со потпис „Седиштето на младинскиот клуб Ријека“.