Астрономите кои стојат зад најобемната потрага по вонземскиот живот до сега, испитуваат интригантна емисија на радиобранови што се чини дека дошла од правецот на Проксима Кентаури, звездата која е најблиску до Сонцето.

Тесен сноп на радио бранови во текот на 30 часови надзор го „улови“ телескопот Паркс во Австралија, во април и мај минатата година. Анализата на снопот трае веќе некое време, а научниците сè уште не го идентификувале „виновникот“ на Земјата, на пример дали е тоа поминувачки сателит или опрема на Земјата.

Не е невообичаено астрономите да набудуваат необични радио бранови со телескопот Паркс како дел од проектот „Breakthrough Listen“ вреден 100 милиони долари, но сето ова досега се припишуваше на човечки постапки или на природни нарушувања, пишува Јутарњи лист

И најновиот „сигнал“ може да добие секојдневно објаснување, но насоката на тесниот зрак, околу 980 MHz, и очигледното поместување на неговата фреквенција, за кое се утврди дека е во согласност со движењето на планетите, додадоа мистериозна нота на ова откритие.

Снопот на радио таласи, кој се чини дека доаѓа од правецот на Проксима Кентаури, црвена џуџеста звезда на 4,2 светлосни години од Земјата, не е забележан повторно од првичното набудување, според астрономите кои сакаат да останат анонимни, бидејќи истражувањето сè уште трае.

Тоа е првиот сериозен кандидат по “Wow” сигналот, пренесува Гардијан.

Инаку, “Wow” сигналот е откриен во 1977 година. Тоа беше краткотраен тесен опсег на радио сигнал, откриен од опсерваторија во Охајо која е во потрага по вонземенска интелигенција.

Необичениот сигнал, кој го доби своето име откако астрономот Џери Еман напиша “Wow”, покрај податоците, тоа предизвика бранови на ентузијазам, иако Еман предупреди да не се прават големи заклучоци од половични податоци.