Тестирањето на овој лек ќе биде најголемото клиничко испитување на еден лек во светот во борбата против Ковид-19.

Антивоспалителниот лек колхицин ќе се тестира како можен лек против коронавирусот, што ќе биде најновиот обид да се дојде до решение за Ковид-19 со постојните лекови, стои во соопштението на студијата што ќе ја проучува Универзитетот во Оксфорд.

Лекот колхицин е цитостатик и се користи во борбата против гихт.

Тестирањето на овој лек ќе биде најголемото клиничко испитување на еден лек во светот во борбата против Ковид-19, а во него ќе бидат вклучени по случаен избор 2.500 пациенти кои ќе примаат колхицин.

Колхицинот е добро познат лек што може да помогне, а како што е познато, не е скап и е широко распространет, рече професорот од Универзитетот во Оксфорд, Питер Хорби, кој е на чело на тимот.

Колхицинот чини 124 американски долари за 30 капсули.

Научниците кои дошле до вакво решение/идеа велат дека воспалението игра важна улога во ширењето на Ковид-19 и дека третманот со дексаметазон, друг антиинфламаторен лек, покажал дека можноста за преживување кај најтешките пациенти може да се зголеми.