Кој јаде лута пиперка, ќе живее подолго, потврдија научниците, посочувајќи дека овој зеленчук го продолжува животот со намалување на ризикот од рак и кардиоваскуларни болести.

Според студијата објавена на веб-страницата на Американското здружение на кардиолози, редовното консумирање лути пиперки значително го намалува ризикот од смрт предизвикана од кардиоваскуларни болести или рак.

Направена е нова студија на примерок од 4.729 луѓе и се споредува здравствениот статус на оние кои редовно јадат лута пиперка и оние кои не јадат.

„Сè уште не е утврден точниот механизам и причината зошто лутите пиперки работат така, па истражувањето ќе продолжи“, рече кардиологот Бо Гзу, еден од учесниците во истражувањето.

Резултатите од оваа студија наведуваат дека оние кои конзумирале пиперки имале намален ризик од смрт од сите причини за 25 проценти во споредба со оние кои не ги јаделе, но влијанието варирало многу во зависност од начинот на живот и здравствената состојба на поединецот.
Исто така, тие имале 26 проценти помали шанси да умрат од некои кардиоваскуларни болести или некој вид на рак.

Според претходните откритија на научниците, лутите пиперки делуваат против воспаление, бидејќи антиоксидансите помагаат во регулирање на шеќерот во крвта.