Научното списание „Лансет“ објави студија на 25 научници за движењето на населението до 2100 годинa. Проекциите се дека за 80 години отсега во Македонија ќе има најмалку 920.000 жители, а најмногу 1.270.000 жители. 

Прогнозите на тимот научници кои ја изработиле студијата се правени по два модели. Првиот, во основа ги следи сегашните трендови на стапката на фертилитет по држава, морталитетот и миграцијата. Вториот модел, кој дава и пониски прогнози, ги следи целите на ОН за одржлив развој кои во основа треба да значат универзално средно образование за сите жители на планетата и достапност на контрацепција за жените.

Од регионот, најекстремна е прогнозата за Бугарија.

Земјата имала 7.050.000 жители во 2017 година, што е и „врвот“ што земјата нема повторно да го достигне. Според „оптимистичкото“ сценарио, во Бугарија во 2100 година ќе живеат 2.620.000 жители, додека според „песимистичкото“ сценарио популацијата ќе изнесува 2.280.000 жители.


Напишете коментар