Руската администрација во понеделникот му постави ултиматум на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, да се врати во Русија од Германија и да се јави во канцеларијата во Москва до вторникот наутро, во спротивно, тој ќе ја отслужи затворската казна.

Навални, еден од водечките критичари на рускиот претседател Владимир Путин, беше пренесен во Германија на лекување во август .

Русија тврди дека нема докази дека тој е отруен и негира дека е поврзана со тој чин, пренесува Ројтерс.

Руската управа за затвори (ФСИН) во понеделникот го обвини Навални за кршење на условната казна што сè уште ја издржува поради пресудата од 2014 .

Нема да го поштедиме никој , ќе оди во затвор ако не ја слуша нашата држава . – изјави потпаролот на руската влада.