Рускиот опозиционер Алексеј Навални беше уапсен во неделата, откако се врати во Москва по лекување во Германија.  Одреден му е притвор од 30 дена, но додека е зад решетки, тој продолжува со критиките кон Кремљ.

Навални е сместен во ќелија на озогласен притворски центар во Москва, но додека е таму неговиот тим објави снимка од истрага за изградба и наводен фонд кои стојат зад наводна „палата“ на Путин, приватна резиденција вредна 1,37 милијарди евра на рускиот брег на Црното Море.

Нарекувајќи ја „најголемата тајна на Путин“, Навални и неговиот тим открија нови детали за комплексот во близина на градот Геленџик.

Комплексот е снимен од воздух, а Навални вели дека е 39 пати поголем од Монако. На снимката се гледа подземен комплекс за хокеј, стакленик од 2.500 метри квадратни, црква и подземен тунел кој води до Црно Море.

Внатре се наоѓа кино сала и казино, а Навални вели дека ова е најскапата палата во светот.

„Ова е посебна држава во Русија. Во оваа држава постои еден, незаменлив цар. Тоа е Путин. Нов Версај, нова Зимска палата“, вели Навални во снимката.

Кремљ негира дека Путин поседува палата во Геленџик.

Видеото од наводната палата на Путин за еден ден го погледнаа над 20 милиони луѓе.