Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални објави снимка од неговиот телефонски разговор, за кој тој тврди дека имал разговор со оперативец на државната безбедност вклучен во неговото труење.

Човекот, кој се слуша на снимката, посочува дека учествувал во чистењето на облеката на Навални, „за да нема траги“, откако најголемиот критичар на рускиот претседател падна во кома во текот на летото над Сибир.

Снимката покажува и како тој вели дека „ситуацијата ќе се одвиваше поинаку“ ако авионот во кој беше Навални не беше принуден да слета затоа што му се слоши.

Човекот, кој во извештајот за медиумите од минатата недела беше идентификуван како оперативец на руската разузнавачка служба ФСБ и член на тимот што го следеше Навални со години, во телефонски разговор навести дека долната облека на опозиционерот може да биде местото каде што е вметната супстанцата што го труела.

На Навални му се слоши во текот на летото на 20 август, а два дена подоцна беше пренесен во болница во Берлин.

Лабораториите во Германија, Франција и Шведска, како и тестовите спроведени од Организацијата за забрана на хемиско оружје, утврдиле дека Навални бил изложен на отровот „новодојденец“, развиен во поранешниот Советски сојуз.

Руските власти силно негираат вмешаност во труењето на Навални.