Познатиот британски астролог тврди дека наскоро ќе влеземе во нова ера, а еве што ќе ни донесе тоа!

Јасмин Боланд, популарен астролог од Велика Британија, тврди дека на 21 декември започнува нова ера, која ќе трае во наредните 200 години и ќе ни донесе многу промени.

Најмногу промени, вели таа, нè очекуваат на крајот на следната година, поточно помеѓу 19 и 30 декември, кога Јупитер ќе помине низ Водолија.

Спротивно на тоа, претходните денови Јупитер беше во Јарец и поради тоа имавме ограничувања на сите полиња, и сега е време за целосен пресврт!

Според зборовите на Боланд, во 2021 година ќе сакаме да продолжиме понатаму, ќе ги гледаме работите поинаку и ќе бидеме повеќе подготвени да ризикуваме и да експериментираме.

Јупитер инаку ја поттикнува среќата и напредокот, а кога ќе влезе во Водолија, тоа ќе ни донесе нови идеи и храброст да направиме големи дела.

Астрологот истакнува дека 21 декември е клучен за следните неколку години бидејќи транзицијата на Сатурн и Јупитер во нов знак носи промени на сите полиња, а Боланд дури и смело предвидува дека ќе донесе промени на целата Земја.

На својот блог таа исто така пишува дека Јупитер и Сатурн ќе се сретнат со Близнаци, Вага и Водолија, воздушни знаци и ќе донесат нова ера, која ќе трае дури 200 години.

Иако се чини дека сè ќе биде чудесно и одлично, не е така – нè очекуваат многу грешки, погрешни и лоши одлуки, но Водолијата, а ова е таканаречената ера на Водолија, ја гледа само иднината, што ќе им помогне на многумина да се движат во сосема поинаква насока од онаа по која одеа досега.