Коронавирусот просто беснее во Англија. Стапките на заразеност се преголеми, па затоа на удар е и фудбалот, кој и натаму се игра, само до кога, е тоа ретко кој го знае. Во изминатите денови во сите фудбалски рангови, поради Ковид-19, одложени се дури 60 натпревари. Некои клубови мораа да играат со деца, како синоќа тоа што го направи Астон Вила против Ливерпул.

Токму затоа Стив Брус, легендарниот тренер на Њукасл им порача на првите луѓе на Премиерлигата:

“Видете, сега не е време за фудбал, не морално во ова време да се игра фудбал. Ајде да ја прекинеме Премиерлигата. Ако продолжиме правиме морална грешка“.

sportmedia.mk